Економија, финансии, бизнис

Контакт

И во бугарските колбаси коњско месо

И во бугарските колбаси коњско месо
И во бугарски колбаси од четири производители е откриено коњско месо, соопшти бугарската Агенција за безбедност на храната. Агенцијата не објави имиња на фирмите, но соопшти дека производите со коњско месо не се опасни за  конзумирање. И покрај тоа, повлечени се сите производи со коњско месо за купувачите да не дојдат до заблуда. Една од компаниите која ги произведувала колбасите со коњско месо, ги увезувала суровините од странство. Европската унија во последните месец дена ја потресоа низа скандали со коњско месо, чии траги се пронајдени во бројни производи ширум Европа.
Слично

Поврзани вести