Економија, финансии, бизнис

Контакт

И во БиХ бараат работници за берба на јаболка

И во БиХ бараат работници за берба на јаболка

Овоштарите во БиХ, бараат илјадници берачи на јаболка, за што нудат дневници до 20 евра.

Велат дека родот годинава е како никогаш досега и дека најголем проблем им претставува недостигот на амбалажа за бербата.

 „Околу 1 септември почнува бербата на јаболка и тогаш ќе ни бидат потребни работници колку што никогаш досега не ни требале. Се работи за повеќе илјади работници кои ќе бидат неопходни за бербата која ќе трае околу два и пол месеци. Кој и да ни се јави, ќе биде вработен. Работник за месец дена може да заработи од 500 до 600 евра. Дневницата е од 17 до 20 евра, со два оброка, кафе, некаде обезбеден превоз и сместување“- вели Драгоја Дојчиновиќ, претседател на Здружението на овоштари на Република Српска. 

Сличен проблем имаат и хрватските овоштари. 

Слично

Поврзани вести