И ВЛАДАТА НА СРБИЈА ЈА ОГРАНИЧИ ЦЕНАТА НА ГОРИВАТА: Еве ја пропишаната максимална малопродажна цена
Владата на Србија пропиша максимална малопродажна цена на нафтените деривати Еуродизел и Еуро премиум БМБ 95 да изнесува 179 и 171 динар за литар, беше соопштено по седницата на Владата.
Ова ограничување, како што дознава Н1 од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации, ќе важи 30 дена, а можноста за продолжување е оставена.
Како што се наведува, членовите на Владата ја донесоа Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, со оглед на тоа што во претходниот период имаше пораст на цените на овие деривати, што директно влијаеше на поскапувањето на сите други стоки и услуги.
Слично
