Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Вевчани бара да се врати смртната казна во Македонија

И Вевчани бара да се врати смртната казна во Македонија
По двојното убиство, кое го потресе Вевчани, жителите на оваа општина започнаа граѓанска иницијатива за враќање на смртната казна во Македонија. Според нив, заканата со смртна казна е единственото нешто што може да го спречи ваквите злосторства во иднина. Вевчанци ќе собираат потписи за иницијативата, која потоа имаат намера да им ја предадат на државните институции. Зад иницијативата за враќање на смртната казна за најтешките облици на кривични дела застана и градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски. Минатата среда вевчанецот Здравко Србакоски со неколку истрели ги уби Владо Попески и Мате Ѓурчески од Вевчани, а рани уште две лица. На синоќешната седница на Општината, на предлог на градоначалникот била донесена одлука тениското игралиште во Вевчани да се именува „Мате Ѓурчески“, а спортската сала „Владо Попески“. „Мате и Владо беа пример за генерациите. Со овој чекор Вевчани им се оддолжува, ова е признание за нивниот придонес во афирмацијата на Вевчани на спортски, културен и општествен план.Болката за нивната трагична и прерана смрт е голема и ненадомествлива. На овој начин Мате и Владо ќе останат запаметени од заедницата“, се вели во соопштението. Сепак, иницијативата за враќање на смртната казна нема многу изгледи да успее, бидејќи би се косела со европските прописи за заштита на човековите права. Последната смртна казна во Македонија беше извршена во 1987 година. Слична иницијатива беше покрената и во соседна Србија веднаш по убиството на 15-годишната Тијана Јуриќ, но српските власти и таму ја отфрлија од исти причини.
Слично

Поврзани вести