Економија, финансии, бизнис

Контакт

И вечерва Бугарите на протест, извикуваат: Долу партиите!

И вечерва Бугарите на протест, извикуваат: Долу партиите!

И вечерва протести во главниот град на Бугарија, Софија, каде што стотина лица се собраа во центарот блокирајќи го „Орловиот Мост“. Како што јавува БТА, демонстрантите ја пееле бугарската химна и извикувале „Долу партиите!“

На собирот било предложено формирање на „граѓански комитет“, кој би ги промовирал барањата на учесниците на протестите што се одржуваат низ цела Бугарија.

Околу 1.000 лица се собраа и вечерва на протест против монополските компании во Варна. Побарано беше бугарскиот претседател Росен Плевнелиев да не го распушта Народното собрание, бидејќи тогаш не ќе има која да ги исполни барањата на демонстрантите.

Истовремено протести се одржуваат и во уште неколку бугарски градови.

Слично

Поврзани вести