Економија, финансии, бизнис

Контакт

И „Турски поток“ ќе настрада од руското ембарго

И „Турски поток“ ќе настрада од руското ембарго

Проектот за гасоводот од Русија преку Црното Море до Турција и Балканот, познат како "Турски поток", ќе потпадне под влијание од санкциите на Москва против Турција.

Ова го изјави министерот за економија Алексеј Улокаев, цитиран од руските новински агенции.

"Овој проект со ништо не се разликува од кој и да е друг и на ист начин е поврзан со нашата инвестициска соработка", пренесува "Интерфакс".

Покрај евентуалното затворање на руските пристаништа и небо за турските бродови и авиони, Москва најверојатно ќе ја запре работата "во подготовка на сериозни договори", додава министерот. Малку порано денес премиерот Дмитриј Медведев нареди до 48 часа да се подготви листа со одмазднички мерки.

Засега портпаролот на "Гаспром", Сергеј Купријанов одбива коментар за судбината на "Турски поток".

Проектот може да биде замрзнат точно една година, откако претседателот Владимир Путин изненадувачки објави во почетокот на декември 2014 година дека Русија се откажува од "Јужен поток".

Подоцна руски Алексеј Милер, шефот на "Газпром", ја повика ЕУ брзо да почне да гради инфраструктура до грчко-турската граница, бидејќи кога проработи "Турски поток", нема да се поднесува гас преку Украина и земјите од Југоисточна и Централна Европа треба да се подготвени да прифатат гориво од нова насока.

Од тоа засега не излегува ништо, бидејќи Анкара така и не дала конечна дозвола да започне изградбата на подводниот дел во нејзините територијални води. Во текот на преговорите Москва се откажа од планираните четири цевки и се обидуваше да изгради барем две - една за турскиот пазар и една за европскиот. Последните коментари на запознаени со текот на преговорите беа дека ако "Турски поток" проработи, тоа ќе е со една цевка, а за втората ќе се види подоцна.

Слично

Поврзани вести