Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ТТК не се откажува: Ќе дели дивиденда откако ќе заврши забраната на Народна банка

И ТТК не се откажува: Ќе дели дивиденда откако ќе заврши забраната на Народна банка

По Комерцијална банка, завчера, денеска и ТТК банка извести дека ја менува одлуката за распределба на добивката. Дивидендата нема да се распределува по одржување на Акционерското собрание, туку откако ќе прекине времената забрана за поделба на дивиденда која ја наложи Народната банка. Сепак друштвото не се откажува од поделбата. ТТК претходно, а по одлука на Надзорниот одбор, извести дека на престојното собрание ќе помине одлуката за подлеба на дивиденда. Тоа сега сепак ќе се пролонгира.

„Нераспределената добивка на ТТК Банка АД Скопје, според Годишната сметка за 2020 година во износ од 90.630.213 денари, се распределува на следниов начин - Износот од 8.920.293 денари се распределува во резерви. Износот од 81.709.920 денари останува како задржана добивка расположива за распределба на акционерите, до денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплата на дивиденда со престанок на важност на Одлуката за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките или со донесување решение, одлука или друг акт на надлежен орган со кој за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда, стои во изменетата предлог одлука.

Оттаму известуваат и дека на денот кога за Банката ќе престане да важи ограничувањето на распределбата и исплатата на дивиденда на еден од начините предвидени во претходниот став, задржаната добивка расположива за распределба на акционерите во износ од 81.709.920 денари ќе се распредели како дивиденда за обични акции.

Собранието на акцинери на ТТК банка е закажано за 15 април

Слично

Поврзани вести