И ТОА СЕ СЛУЧИ: Google го победи Apple!
Apple ја изгуби својата долгогодишна предност пред Google во американските училишта. Лаптопот Chromebook го надмина iPad за прв пат како најпопуларен уред во училниците, купуван од образовните институции за ученици.
Google донесе 715 500 од најевтините лаптопи во американските училишта во третиот квартал. За споредба, бројот на уреди на Apple, испорачани во училиштата, е 702 000, посочуваат од компанијата за истражувањето на IDC.
Ова е прв пат, во кој Google успева да продаде повеќе уреди од својот конкурент и се претвора во водечки играч на мулти милијарди долари вредниот образовен пазар. Токму тој стана бојно поле за производителите на хардвер, кои се обидуваат да ја добијат лојалноста на новата генерација корисници. Традиционално на овој пазар доминираат уреди со Windows, кои имаат децении предност пред iPad и Chromebook, но училиштата се повеќе се свртуваат кон поевтини алтернативи.
"Chromebbok навистина добива предност", тврди Раџа Синг, аналитичар во IDC. "Растот на Chromebook е главен проблем за iPad на Apple".
Samsung, HP, Dell и Acer произведуваат Chromebook и активно го промовираат уредот во училиштата, додава таа.
Ниските првични трошоци и полесното користење на уредот се меѓу предностите на Chromebook. Од своја страна, Apple нуди поскапи таблети, чија цена започнува од 379 долари за минатогодишниот модел на iPad Air, а во цената е вклучен попуст за училиштата.
Иако екранот на допир го прави iPad универзален уред, интегрираната тастатура на Chromebook исто така е фактор при изборот.
Apple задржува мала предност пред Google во училиштата и колеџите каде се користат лаптопи MacBook со оперативен систем OS X. Сепак истражувањето на IDC покажува дека растот на продажбата на iPad се забавува насекаде, дури и на пазарот, кој традиционално бил силен за Apple.
Ipad стана најбрзо продаван производ во историјата на Apple од неговото пуштање на пазарот во 2010 година, но приходите од него се намалија за 14% во септември оваа година во однос на истиот период минатата година, бидејќи клиентите купуваат повеќе нови уреди многу побавно отколку што експертите очекуваа.
K.K.
Слично
