Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ТЕЦ НЕГОТИНО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА, од утре електраната се става во функција

И ТЕЦ НЕГОТИНО СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА, од утре електраната се става во функција

Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат пуштачките активности за ставање на електраната во функција на производство.

- Во договорот со економскиот оператор кој ги изведуваше работите беше наведен 15 декември како датум за завршување на зафатите. Но, со засилен интензитет на работа на економскиот оператор, и зголемен ангажман на вработение кој во изминатите денови се вршеше под засилен надзор од генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и на директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, рокот е скратен за 10 дена. Во услови на енергетска криза тоа ќе значи економски и енергетски бенефит - се наведува во соопштението на ЕСМ.

Во сервисните и ремонтните активности беа вклучени економскиот оператор Монтинг Инженеринг, вработените во ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ, РЕК Битола и консултанти од производителот од Украина.

Генераторот е произведен во 1975 година и во ТЕЦ Неготино е ставен во употреба во 1978 година. Ова е прво отворање и големо ремонтирање на генераторот.

- АД ЕСМ вложува максимални напори и засилено ги става во функција сите капацитети, со цел да се задоволи зголемената потреба од домашна електрична енергија, со оглед на зголемените задолжувања од страна на Владата кон АД ЕСМ за испорака на енергија кон Универзалниот снабдувач, институциите, како и бизнис секторот - се потенцира во соопштението.

Утринава ЕСМ соопшти дека по подолг период во функција е ставена и ТЕЦ Осломеј, термоцентрала постара од 40 години. 

Слично

Поврзани вести