Економија, финансии, бизнис

Контакт

И судската администрација бара покачување на платите

И судската администрација бара покачување на платите

Судските службеници бараат покачување на платите за 35%, како  судиите, обвинителите и јавнообвинителските служби.

Синдикатот на УПОЗ и здружението на судската администрација денеска се сретнаа со министерот за правда, претседателот на Врховниот суд и Судскиот совет.

Договорено е Советот да ја достави иницијативата до Владата, која во рок од една недела треба да донесе одлука. Доколку барањата не се исполнат, УПОЗ ќе организира штрајк на 3 мај.

Тие минатиот месец преку штрајк бараа исплаќање на ветените 5%,  измени на Законот за судска служба и враќање старото работно време. Засега ќе инсистираат само на  покачување на платите, а другите барања ќе ги одложат за по изборите. Се работи за околу 2300 вработени.

Слично

Поврзани вести