Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Ставре Џиков сака да е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

И Ставре Џиков сака да е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ го затвори списокот на потенцијални кандидати за претседател. До вчера вечер, кога истече крајниот рок, четворица изразиле интерес да се кандидираат на партиската конвенција за избор на претседателски кандидат - актуелниот претседател Ѓорге Иванов, универзитетскиот професор Јове Кекеновски, магистерот Божидар Ночев и поранешниот државен јавен обвинител Ставре Џиков. Џиков последен ја поднесе кандидатурата до владејачката партија. Сите четворица кандидати ќе ја изнесат својата платформа, а потоа за нив ќе се изјаснат делегатите на конвенцијата. Кандидатот за претседател ќе се бира во два круга. Во првиот круг може да победи кандидатот кој освоил мнозинство гласови на конвенцијата, но не помалку од 1/3 од вкупниот број делегати. Доколку кандидатот не биде избран во првиот круг, ќе има и втор круг гласање, во кој силите ќе ги одмерат двајцата потенцијални кандидати кои добиле најмногу гласови во првио круг.
Слично

Поврзани вести