И Србија ќе се чува од мигрантите со огради по границите со Бугарија и Македонија
Апликантот за членство во Европската унија нашиот сосед Србија ќе подигне заштитни ѕидови на своите граници со Бугарија и Македонија, за да го запре нелегалното преминување на илјадниците мигранти, кои се обидуваат да стигнат до внатрешноста на Европа, соопштува германскиот национален весник Die Frankfurter Allgemeine Zeitung.
„Дојде време за драстични промени“, истакнал српскиот министер за труд, Александар Вулин.
До овој момент Белград се грижеше за заштитата на границите со двете јужни соседи преку заеднички патроли на полиција и воени лица, потсетуваат агенциите.
Слично
