Економија, финансии, бизнис

Контакт

И сопругата на Веле Самак вработена во германската компанија „Маркарт“ во Велес

И сопругата на Веле Самак вработена во германската компанија „Маркарт“ во Велес
Сопругата на министерот Веле Самак, Бојана Ацева-Андонова, има висока раководна функција во новата германска инвестиција во Велес „Маркарт“, која тукушто започнува да вработува. Таа  не е директор, но има висока раководна функција во фабриката за производство на автомобилска електроника, потврди Харалд Маркарт, генереален директор, „Маркарт“. „Ние сме решени да ги ангажираме најдобрите луѓе. Од најдобрите кои конкурира во почетокот ние одличивме да ја ангажираме сопругата на Самак. Нејзината позиција не е директор, но сме среќни што ја имаме во нашите редови и тоа е само коинциденција што таа е сопруга на министерот. Се надевам дека ушто долго ќе соработуваме со неа, бидејќи и работата што и е понудена е одлична“, вели тој. Министерот Самак, кој присуствуваше на денешната пресконференција, не кажа ништо за вработувањето на неговата сопруга, но им порача на младите и на невработените својата шанса да ја побараат и во оваа фабрика која ќе се отвори во Велес. „Маркарт“ денеска објави дека на 4 октомври организира „Ден за вработување“ на кој сите заинтересирани за работни места во компанијата ќе можат да ги добијат потребните информации. За почеток е планирано вработување на 100, а во следните пет години - и на повеќе од 500 лица. Според менаџментот на компанијата, платите ќе бидат според македонскиот стандард, онакви какви што нудат и другите инвеститори во земјата.
Слично

Поврзани вести