Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Собранието има потреба од волонтери

И Собранието има потреба од волонтери
Петмина волонтери ќе ангажира Собранието, а волонтерскиот стаж ќе им трае три месеци. Во огласот што беше објавен денеска на Факултети.мк, се наведува дека кандидатите треба да се студенти во завршна година на студирање; да располагаат со способност за успешно комуницирање; способност за добро писмено изразување и истражување; да располагаат со иницијативност, аналитичност и интерактивност. Освен ова треба да исполнуваат и неколку специфични услови и квалификации: добро познавање на англискиот јазик и работа со компјутери (MS Office, Word, MS Outlook, Internet) и познавање на општествените (политички, правни, економски и социјални) процеси во земјата. Претходно, јавен повик за ангажирање десетици волонтери објави и Генералниот секретаријат на Владата и Кабинетот на премиерот, како и повеќе министерства.
Слично

Поврзани вести