Економија, финансии, бизнис

Контакт

И со санкции Aмериканците купуваат руски гас

И со санкции Aмериканците купуваат руски гас

На пристаништето во Бостон забележан е француски танкер на енергетската компанија Engie кој пренесува руски природен гас, купен од Yamal LNG централата, а изваден од рускиот дел на Северниот пол. 

Интересно е што главен акционер во Yamal LNG е приватната руска компанија Novatek против која САД изрече тешки санкции со забрана за откуп на природен гас, а тоа им е наложено и на сите американски сојузници кои ако не ги почитуваат санкциите исто така може да се соочат со американски последици. 

Сепак, рускиот гас од пристаниште во Англија е пренесен на францускиот танкер кој една недела подоцна од предвиденото пристигнал во САД каде на Источниот брег владее силно зимско невреме. Токму затоа цените на гасот се искачија на рекордно ниво, па увозот на гас од европски енергетски компании е поисплатливо. 

Слично

Поврзани вести