Економија, финансии, бизнис

Контакт

И со овој буџет расте: Како ЕБОР гледа на македонскиот јавен долг

И со овој буџет расте: Како ЕБОР гледа на македонскиот јавен долг

Нивото на јавниот долг не е алармантно, ама Македонија сега должи за дури 20 проценти повеќе отколку пред десет години, потенцира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во последниот Извештај за транзиција 2018-2019 година. Според предлог буџетот следната година долгот ќе надмине 54 проценти од БДП односно ќе се зголеми за околу 600 милиони евра.

Во буџетот се предвидени пари за зголемување на платите на администрацијата, за поттикнување на стопанството, но и има пари и за активни мерки за вработување. Токму во овие поттици ЕБОР ја лоцира причината за раст на долгот. 

„Се очекува понатамошен раст на долгот поради мерките усвоени од страна на владата, вклучувајќи ги и бизнис поттиците за дополнителни вработувања и за зголемување на минималната плата, стои во извештајот.
Буџетот за идната година е најголем досега. Тежи 3,7 милијарди евра или 300 милиони повеќе од лани.
Фактор вчера објави дека една од позначајните препораки на ЕБРД е потребата од консолидација на банкарскиот сектор. ЕБРД тврди дека домашниот пазар е мал, а има многу банки.

Слично

Поврзани вести