Економија, финансии, бизнис

Контакт

И случајот „Шпион“ го презема Специјалното обвинителство

И случајот „Шпион“ го презема Специјалното обвинителство
Специјалното јавно обвинителство го презема и случајот “Шпион”. Ова го соопшти претставник на СЈО на денешното рочиште на Апелациониот суд, на кое се разгледуваше жалбата на осудените . И одбраната претходно бараше случајот да биде превземен од СЈО. Во случајот „Шпион“ се обвинети 19 луѓе. Првообвинет во овој процес е екс разузнавачот, Марјан Ефремов кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа бидејќи  според обвинението прибирал информации за странски тајни служби. Затворски казни добија и поранешниот директор на Дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, двајца разузнавачи активни во времето на акцијата „Шпион“ и Марјан Маџовски, поранешен шеф на кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељановски. Помеѓу осудените е и Александар Диневски, поранешен вработен во службата за контраразузнавање, кој во  80-те беше еден од иницијаторите за реформи во службата. Тој  е осуден на 4.5 години затвор.
Слично

Поврзани вести