Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Словенија ги заостри мерките: Влез во земјата само со негативен ПЦР или вакцина

И Словенија ги заостри мерките: Влез во земјата само со негативен ПЦР или вакцина

Поради зголемениот број на увезени случаи на инфекција со корона, Словенија донесе одлука за промена на условите за влез во таа земја, така што тоа повеќе нема да зависи од епидемиолошката состојба во земјата од каде доаѓаат патниците, туку од нивниот статус.

Одлуката за укинување на списокот на земји, со оглед на нивната епидемиолошка состојба и изедначување на условите за влез за сите патници, стапи на сила денеска, а ќе се применува од четврток, 15 јули, објави словенечката влада.

- Основните критериуми за влез во Словенија се доказ дека некое лице прележало ковид -19, дека било вакцинирано или тестирано и дека резултатот од тестот е негативен - е наведено во владиното соопштение, а пренесуваат словенечките медиуми.

Единствениот исклучок од ова правило се однесува на странците кои имаат земјиште или недвижен имот во Словенија и на деца под 15-годишна возраст ако се придружени од родител или старател. Тие нема да мора да бидат ставени во карантин при влегувањето во Словенија.


Слично

Поврзани вести