Економија, финансии, бизнис

Контакт

И СЛОВЕНЦИТЕ ГИ БОЈКОТИРААТ МАРКЕТИТЕ: Ова ќе трае до 2 февруари

И СЛОВЕНЦИТЕ ГИ БОЈКОТИРААТ МАРКЕТИТЕ: Ова ќе трае до 2 февруари

И во Словенија има бојкот на супермаркетите поради високите цени. 

Во земјата во тек е бојкот за купување во одредени трговски центри и супермаркети, објавија медиумите во регионот. Бојкотот ќе трае до 2 февруари, по што се повикуваат граѓаните да продолжат со бојкот на другите трговски ланци од 3 до 9 февруари. Според податоците на Заводот за статистика на Република Словенија (Сурс), храната сега чини во просек 44 отсто повеќе отколку пред десет години. Растот на цените е нешто забавен во последната година.

„Бојкотите се легитимен и гласен израз на незадоволство. Бојкотот може да испрати силна порака до трговците на мало за важноста на достапноста и правичните цени“, велат од Здружението на потрошувачи на Словенија (ЗПС).

Минатиот петок бојкотираа хрватските граѓани, а овој петок ќе бојкотираат македонските, босанските, црногорските граѓани, а можно е истото да го направат и Србите. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести