Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Русија годинава добро ќе профитира од нафтата

И Русија годинава добро ќе профитира од нафтата

Русија годинава добро ќе профитира од продажбата на нафтата. 

Како што анализира Блумберг, Русија би можела да заработи скоро 321 милијарда долари од извозот на енергенси годинава. Сепак, Русија може да ја заврши годината со рекорден буџетски суфицит од 240 милијарди долари доколку земјите не воведат целосно ембарго на извозот на нафта и на гас. 

Но, ако ЕУ, Велика Британија и САД воведат ембарго, тоа би можело да ја „оштети“ Русија за најмалку 300 милијарди долари приход.

Нафтата и гасот сочинуваат околу половина од извозот на Русија и околу 40 отсто од ланските приходи во буџетот.

Ирак на пример профитираше од енергетската криза во светот. 

Оваа земја од извоз на нафта во март заработила најмногу во последните 5 децении. Имале извоз од 100.563.999 барели нафта во вредност од 11.07 милијарди долари, што е најголем приход од 1972 година.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести