Економија, финансии, бизнис

Контакт

И регресот за годишен одмор ќе треба да се пријави во УЈП

И регресот за годишен одмор ќе треба да се пријави во УЈП
Управата за јавни приходи ги потсети граѓаните дека заедно со платата ќе треба да го пријават и надоместокот за годишен одмор (К-15) во годишната даночна пријава што секоја година се поднесува до УЈП. Од таму велат дека овој надоместок се третира како надоместок на трошок поврзан со работата утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и е подлежи на оданочување со персоналниот данок на доход. Обврската за плаќање на персоналниот данок на доход на оваа добивка ја има работодавачот, а работникот износот на регресот за годишен одмор и платениот данок треба да ги внесе во образецот ПДД-ГДП во полињата под реден број 2 во делот на „дополнителни примања и надоместоци на трошоци од работен однос на кои не се платени придонеси“. Рокот за поднесување на годишната даночна пријава за остварените приходи во текот на 2014 година тече од почетокот на идната година па се до 15 март кога е крајниот рок.
Слично

Поврзани вести