И претседателот Ѓорге бил прислушуван
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и неговиот кабинет исто така биле прислушувани, изјави самиот тој во интервју за македонската телевизија „Телма“.
Иванов изјави дека како и сите граѓани и функционери кои биле прислушувани, така и тој се чувствува незгодно кога знае дека личните и професионалните комуникации се зачувуваат и истите тие може да бидат злоупотребени.
Шефот на државата не кажа од каде ги добил информациите за прислушувањето и дали е запознаен со нивната содржина. Тој изјави дека во обвинителството веќе има истрага, ќе има и тужба и ќе се верува на одлуката донесена врз основа на факти и аргументи, а не на шпекулации.
Претходно извештајот на ЕК потврдува за изнесените од лидерот на СДСМ Зоран Заев факти за тешка корупција на премиерот Никола Груевски и неговите соработници.
Текстот е дело на експертската група, назначена од Европската комисија за да ги анализира изнесените од Заев откритија, повеќе познат како „бомби“.
