Економија, финансии, бизнис

Контакт

И празникот не може да помине без инциденти: Груевски да ги врати партите, Заев исвиркан

И празникот не може да помине без инциденти: Груевски да ги врати партите, Заев исвиркан

Ниту денешниот празник не може да помине без партиски препукувања. Овој пат меѓу граѓаните поддржувачи и на власта и на опозицијата.

Пораките за мир и сплотеност што ги упатуваат и ветуваат со години наназад партиските лидери, не поминуваат кај народот.

Доказ за тоа беа денешните инциденти.

Опозицискиот лидер Зоран Заев пред денешниот илинденски говор беше извиркан од група граѓани кои му упатија пораки да си оди дома.

Додека Заев со партиската делегација одеше кон споменикот Мечкин Камен група незадоволни граѓани му дофрлиле дека е „срамота она што го прават“.

Не помина лесно ниту пак екс премиерот Никола Груевски.

На говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  пак, еден човек беше исфрлен од  дворот на црквата во Трново, откако кон Груевски викал „Вратете ги парите”.

Овие настани се доказ колку политичарите го поделија народот во последните години на влдеење.

Зарем ни најголемите национални празници не можат да поминат без препукувања и во мир? -запрашаа многумина .

Ние нема да коментираме ништо, коментарот и совеста останува на вас.

Слично

Поврзани вести