Економија, финансии, бизнис

Контакт

И понатаму растат цените на нафтата

И понатаму растат цените на нафтата

Растат цените на нафтата. 

Цените денеска на меѓународните пазари беа 62 долари, поради намалената понуда од водечките производители и надежта дека вакцинацијата и стимулот за економијата ќе ја оживеат побарувачката. На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 44 центи од претходното затворање, на 61,53 долари. На американскиот пазар се искачи за 37 центи на 58,73 долари.  Саудиска Арабија, најголемиот извозник, одлучи еднострано да ги намали испораките во февруари и март, за дополнителни милиони барели на ден.

ОПЕК + ги намалува залихите за да се прилагоди на послабата побарувачка во пандемијата на коронавирус, а првичната цел беше да ги намали залихите на петгодишен просек. Цените се вратија на ниво како пред пандемијата. 

Слично

Поврзани вести