И покрај приливот на бегалци, Германија со мала невработеност
Германија и покрај масовниот прилив на бегалци има ниска невработеност.
Стапката на невработеност падна на незначителни 6,6 отсто, од 6,7 отсто во јануари.
Пазарот на трудот во земјата се развива позитивно и пет последователни месеци опаѓа бројот на невработени лица.
Паѓањето на невработеноста и зголемувањето на платите го поддржаа германскиот постојан раст во последните неколку години.
Сепак, масовниот прилив на повеќе од еден милион бегалци, во текот на минатата година почнува да се покажува во статистиката на невработеноста во Германија.
Минатиот месец, вкупно 103.000 странци се официјално регистрирани како невработени и тоа е зголемување за 68 %, во споредба со истиот месец пред една година. Во остатокот од 2016 година се очекува да расте бројот не невработени странци.
Од европските земји најмала невработеност има Германија, а највисока Грција каде 24,5% од луѓето се невработени.
Слично
