Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ПОКРАЈ КРИТИКИТЕ, ТЕРАМЕ ПО СТАРО: Нови предвремени вработувања во администрација

И ПОКРАЈ КРИТИКИТЕ, ТЕРАМЕ ПО СТАРО: Нови предвремени вработувања во администрација

Нови државни и општински огласи за привремени вработувања се објавени и покрај критиките кои често доаѓаат од страна на меѓунардоните институции.

Генералниот секретаријат на Владата на „Бирото за јавни набавки“ објави нов оглас за ангажирање Агенција за привремени вработувања, а според објавеното се работи за сума од 10 милиони денари без ДДВ, или приближно 162 илјади евра, со која се бараат услуги за обезбедување персонал вклучувајќи и приремен кадар. Периодот за кој се однесува набавката е 12 месеци.

Првремени вработувања се најавија и до Собранието, каде за таа агенциска услуга ќе биде издвоена сума од приближно 14 илјади евра.

Скоро 93 илјади евра за  „привремени вработувања“ ќе даде и Агенцијата за медиуми а слични огласи објавија и неколку општини меѓу кои Ново Село, Берово, Демир Капија, Велес и Илинден.


Критериум за доделување на договорите е најниската цена.

Привремените вработувања овозможуваат влез во државната служба без конкурс и истите по 3 месеци, се трансформираат во договори на неопределено време.

Слично

Поврзани вести