Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ПОКРАЈ ДЕВЕТ ОБВИНЕНИЈА НЕ ЗАВРШИЛ ВО ЗАТВОР: Еден од силувачите од Косово имал „дебело“ досие

И ПОКРАЈ ДЕВЕТ ОБВИНЕНИЈА НЕ ЗАВРШИЛ ВО ЗАТВОР: Еден од силувачите од Косово имал „дебело“ досие

Еден од силувачите на девојчето во Приштина имал и други тешки кривични дела. 

Првоосомничениот 26-годишниот Екрем Реџепи веќе ѝ е познат на полицијата затоа што е осомничен за слични и други кривични дела. Како што објави „Коха“, против него досега се поднесени дури девет обвиненија. 

Реџепи е обвинет за кривични дела „тешка кражба“, „шумска кражба“ и „семејно насилство“, но и покрај тоа не завршил во затвор. 

Пет момчиња во Приштина силувале 11 годишно девојче со часови и овој случај го потресе регионот, поради што имаше протести. 

Со извици „Отстранете ги патријархалните судии и обвинители“, „Нема повеќе“, „Веќе не можеме“, стотици граѓани по втор пат за седум дена се собраа во Приштина. 

Слично

Поврзани вести