Економија, финансии, бизнис

Контакт

И покрај бојкотот од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од избори на 5 јуни

И покрај бојкотот од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од избори на 5 јуни

Владеачката партија упорно тврди дека нема отстапувања од одржување на избори на 5 јуни и без разлика на бојкотот од опозицијата тие ќе се реализираат.

Како што открил висок извор во партијата за „Дневник“ одлагањето на изборите не доаѓа предвид оти е „неуставен потег кој не смее да се дозволи“, односно во овој момент не постои правна основа за истото да се изведе.

„Одлагањето на изборите никако не може да биде тема затоа што тоа не е во согласност со Уставот на РМ, потенцира нивниот извор.

Според владеачката пратија вината лежи во сите потписници на пржинските договори што ги прифатија барањата на СДСМ, но и во самата ВМРО-ДПМНЕ, која не требаше воопшто да отстапи од првичниот став дека предвремени избори не треба да има.

Денеска пак преку соопштение од владеачката партија реагираат на објавен текст во медиумите образложувајќи дека ВМРО ДПМНЕ ниту се пазарела, ниту ќе се пазари кога се во прашање интересите на граѓаните и државата.

„Врвен интерес е излегување од кризата преку одржување на избори на кои граѓаните би одлучиле кому ќе му ја дадат довербата за да ја води Македонија. Ова е приоритет и на ВМРО ДПМНЕ. За жал, заради паничниот страв на СДСМ од немањето поддршка за нивните деструктивни политики, предвремените парламентарни избори еднаш веќе се откажаа. Со тоа СДСМ се промовираше во единствената опозициска партија во светот која бега и се плаши од избори“, пишуваат во соопштението.

Рокот за предлози за членови на избирачки одбори истече, само ВМРО-ДПМНЕ достави листи

Засега до Државната комисија единствено партијата на екс премиерот Никола Груевски поднела листа со кандидати за членови на избирачките одбори.

За ДУИ и ДПА не се знае , но веројатно е дека не доставиле предлози за членови на одборите, а СДСМ најави дека со сигурност нема да достави свои листи бидејќи  нема да учествува на изборите закажани за 5 јуни.

Меѓународната заедница со став дека услови за избори нема

Поранешниот амбасадор на ЕУ во земјава Ерван Фуере и белгискиот посредник во преговорите од Пржино Питер Ванхауте делат речиси идентичен став во однос на изборите.

И двајцата велат дека во вакви околности, изборите само ќе ја продлабочат кризата.

„Се плашам дека ситуацијата е многу полоша. Не може да се каже дека постои демократија во Македонија. Шансата беше минатата година со политичкиот договор потпишан од лидерите на политичките партии, но сите обврски од него не се испочитувани. Можеби по нешто да, но имаше сериозни потценувања на политичкиот договор. Сега имаме датум за избори закажан на 5.јуни но нема услови за тоа. Пред да се одржат изборите потребна е построга оценка на условите. Верувам дека треба да се земе предвид иднината на земјата, бидејќи избори во овие околности само ќе ја влошат кризата“, посочува Фуере.

Тој одлуката на претседателот ја окарактеризира како скандалозна, потенцирајќи дека истата мора да ја повлече и да поднесе оставка од функцијата шеф на државата.

Ванхауте пак вели дека Иванов, освен што ја продлабочил кризата, ги оневозможил и евентуалните преговори, дополнувајќи дека на меѓународната заедница и укажал дека со избори кризата дополнително ќе се влоши.

„Од моментот кога престанав со преговори, зборував и со меѓународната заедница и со амбасадорите и им кажав дека кризата само ќе се продлабочи. Но некогаш кризата не е лоша, туку може да биде стимул за изнаоѓање решение и да се види кој е проблемот и што треба да прземеме. Денес јасно е кој е проблемот но прашањето е како да дојдеме до решавање на тој проблем“, рече Ванхауте.

Тој дополнува дека доколку не се исполнат сите услови од пржинскиот договор избори не се возможни.

ХОЛАНДИЈА СО ПИСМО ДО ЛИДЕРИТЕ: Условите за фер избори не се исполнети!

Уште една потврда дека избори на 5 јуни не се возможни. Овој пат таа пристигна од Холандија.

Имено, Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Коендерс до лидерите потписници на Договорот од Пржино испратил писмо во кое отворено изразил загриженост од сериозноста на состојбата во земјава.

Коендерс во писмото констатирал дека не исполнети минмимун  уловите што ги испораачаа  ЕУ и САД во јануари за избори а тоа се чист избирачки список, медиумски реформни и одвојување на партијата од државата.

„Фер, демократски и кредибилни и фер избори се круцијалниот дел од пржинскиот договор кој не смее да пропадне за дмократската иднина на Вашата земја и тие мора да се испорачаат без понатамошни одлагања“ пишува Коенденс.

Во решавањето на кризата се вклучува Германија

Германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл во Скопје ќе  допатува многу скоро, веројатно овој викенд  или најдоцна на почетокот на наредната недела за кога се очекува тој да има интензивни средби со лидерите на четирите најголеми партии, дознава  Фактор од дипломатски извори.

Според наши сознанија германскиот  дипломат кој во следниот период  ќе посредува во  надминување на длабоката политичка криза  добил  јасни  инструкции  и насоки од  владата во  Берлин како да  дејствува.

Слично

Поврзани вести