И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција
Жена повторно ќе биде на чело на УЈП.
Со оваа даночен орган ќе управува Елена Петрова.
Оваа одлука „падна“ на владината седница од вчера на која се носе нови одлуки за именувања по новиот владин состав.

Имено, Петрова е долгогодишен економист која има 25 години работно искуство во УЈП.
Активно учествувала во неколку УО, има добиено многубројни лиценци и сертификати, но и обуки и соработки со Светска банка, ММФ и други меѓународни организации.
„Длабока благодарност на премиерот Проф.д-р Христјан Мицкоски и на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска за дадената доверба да ја раководам Управата за јавни приходи - УЈП.Ова за мене претставува огромна чест и обврска. Ќе возвратам со посветена, чесна и одговорна работа која ќе гарантира мобилизација на даночните приходи кои се најважен-финансиски инпут за реализација на владините политики и мерки за посилна економија и подобар животен стандард на граѓаните.
Наша одговорност кон општеството е да ги детектираме и намалиме сите загуби на даночни приходи и максимално да ги насочиме средствата кон државниот трезор за да се користат за доброто на сите македонски граѓани, сегашните и идните генерации.
За тебе, за сите нас, за Македонија!“ - напиша Петрова на Фејсбук.
Слично
