Економија, финансии, бизнис

Контакт

И по 20 години не се знае кој стои зад атентатот на Глигоров

И по 20 години не се знае кој стои зад атентатот на Глигоров

Пред дваесет години на денешен ден, во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров.

За среќа, претседателот го преживеа атентантот со тешки повреди на главата, но животот го загубија неговиот возач Александар Спировски и случаен минувач Христо Христоманов.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба, во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, од каде Глигоров со службеното возило одел кон Собранието.

Во автомобил „ситроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач, а пред да се експлодира, службеното возило на претседателот го забавило едно „фиќо".

И дваесет години подоцна, до денес истрагата е отворена. Не може да се најде кој стои зад атентатот, иако беше утврдено дека атентаторот бил многу подготвен и организиран, бидејќи тоа што Глигоров преживеал било чиста среќа.

Од тогаш , многу министри и државни функционери ветија дека ќе го најдат атентаторот, но оваа несреќа остана мистерија до ден денес.

Слично

Поврзани вести