Економија, финансии, бизнис

Контакт

И опозицијата насилно отстранета од Собрание!

И опозицијата насилно отстранета од Собрание!
Со тепање и влечење собраниското обезбедувањето ги исфрли од собраниската сала пратениците од опозицијата. Неколкумина, меќу кои и пратеничката Радмила Шеќеринска притоа беа повредени. Во меѓувреме приврзаниците на опозицијата попладнево ги пробија заштитните огради и тргнаа кон групата која протестираше кај порта „Македонија“. Полицијата засега успева да одржи тампон зона меѓу двете групи протестанти. Преку металните препреки скокнале претседателот и потпретседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски и Зоран Заев, а по нив и целата група симпатизери на опозицијата. Продолжуваат навредливите довикувања од едната и од другата страна и меѓусебното каменување. Досега четири повредени лица кои се пренесени во Градската болница.
Слично

Поврзани вести