Економија, финансии, бизнис

Контакт

И „ОИЛКО“ во загуба!

И „ОИЛКО“ во загуба!
Друштвото “Оилко” КДА Скопје и годинава во првиот квартал остварило загуба, но помала од минатата година истиот период. Споредено со лани година кога загубата во првиот квартал изнесувала 64.357 евра, годинава во истот период загубата изнесува 42.260 евра. Ова го покажуваат податоците од  неревидираниот Биланс на успех на друштвото, објавен на Македонската берза. Во првите три месеци од годината оперативните приходи на друштвото изнесуваат 1.258.308 евра, помалаку во споредба со истиот период лани кога изнесувале 1.508.211 евра. Но намалување е регистрирано и кај оперативните расходи кои годинава во првиот квартал биле 1.287.918 евра, а минатата година биле 1.538.243 евра. Финансиските расходи изнесуваат 2.341 евра, и се поголеми од првиот квартал минатата година. Во билансот на успех стои дека финансиските расходи во првите три месеци од годинава бележат пад, односно изнесуваат 12.878 евра, за разлика од истиот период лани кога биле 33.056 евра. - Остварената загуба е помала од загубата итсот период минатата година, а намалувањето се должи на : оперативните приходи и расходи се на исто ниво како минатата година и на намалените финансиски расходи за 61 индексен поен што се должи на намалените расходи за камати и курсни разлики и зголемени финансиски приходи за 300 индексни поени како резултат на зголемените приходи од камати и курсни разлики, стои во образложението на “Оилко” КДА Скопје. Во делот на приходите од продажба според бројките од билансот, во споредба со лани постои намалување на приходите од продажба на домашен но и на странски пазар. Така годинава во првите три месеци приходите од продажба на домашен пазар  изнесуваат 1.234.501 евра, а минатата година биле 1.465.203 евра. Во истиот споредбен период, годинава приходите од продажба на странски пазар биле 5.186 евра, додека лани 18.016 евра. Во делот на оперативните расходи годинава во споредба со првите три месеци од лани, е регистриран пад на трошоците за суровини и материјали, трошоци за вработени, амортизација на материјални и нематеријални средства. Ј.С.

ИЗВЕШТАИ: Зошто Макпетрол искажа загуба и во првиот квартал од 2014 година?

Слично

Поврзани вести