Економија, финансии, бизнис

Контакт

И официјално – по војничкиот стаж, во државна служба!

И официјално – по војничкиот стаж, во државна служба!
Собранието попладнево, по скратена постапка, ги донесе измените во Законот за служба во АРМ, со кои се предвидуца професионалните војници, по навршување на 45-годишна возраст и отпуст од војската, да бидат преземени на работа во некоја од државните институции до пензионирање. Предлог-законот беше усвоен заедно со дополнувањето, поднесено од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за проширување на опфатот на законот и ретроактивно на војниците кои претходно добиле отпуст од воената служба, по старите законски решенија. Според министерот за одбрана Талат Џафери, такви се околу 110 професионални војници. Професионалните војници кои ќе го исполнат условот 45 години возраст, се до нивно законско пензионирање ќе бидат ангажирани во министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за правда, шумска и судска полиција, казнени институции, како и локалната самоуправа и други институции. Предлогот го поддржа и опозициската СДСМ, но тврди дека се работи за нивно законско решение, кое Владата се обидува да го протурка пред избори за да прокнижи политички поени. „Задоцнетото носење на ваков закон носи последици за околу 600 професионални војници кои ја напуштиле АРМ“, вели Горан Минчев од СДСМ. За пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ Александар Николовски, законот е одличен и е еден вид благодарност за професионалните војници за се она што го прават за Република Македонија, грижејќи се за нејзината безбедност. Со измените се предвидува околу 4.000 војници по завршувањето на службата во АРМ да бидат ангажирани во државните институции. Оваа мерка сега ќе важи и за поранешните професионални војници кои заклучно со 31.12.2013 година во Агенцијата за вработување на Република Македонија се водат како невработени лица.
Слично

Поврзани вести