И од Обединети за Македонија му дадоа поддршка на Заев
Од Обединети за Македонија на денешната седница донеле одлука за целосна поддршка на лидерот на опозицијата Зоран Заев и раководството на партијата. Одтаму велат да се започне со објавувањето на документите што наводно докажуваат криминал и корупција во највисокиот врв на власта.
„Вистината за Македонија, е услов без кој не може нормално да живееме. Таа мора да се дознае и да ја вратиме слободата и демократијата“, велат од Обединети за Македонија.
Слично
