И новинарите од Македонија маршираа во чест на своите колеги од Париз
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денес организираше протестен марш во чест на загинатите колеги од Париз кои настрадаа во налетот на терористите во редакцијата на неделниот магазин „Шарли Ебдо“.
Ваквата иницијатива доаѓа по повикот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари, на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, кои ги повикаа сите колеги масовно денеска во исто време, во 15 часот, да учествуваат на маршот во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во „Шарли Ебдо“.
Маршот во 15 часот започна од Паркот на новинарите, а рутата водеше се до Француската амбасада во Скопје.
Новинарите се потпишаа во книгата на жалост која е отворена во францускиот центар и заедно со поранешни дипломати и истакнати јавни личности на видео бим го проследија масовниот марш кој во моментов се случува во Париз.
Слично
