И НЛБ го откажа собранието, дивиденда нема да се дели
НЛБ Банка го откажа закажаното Собрание на акционери согласно Уредбата на Владата собранијата да не се одржуваат во вонредна состојба. За одложувањето НЛБ Банка извести денеска. Инаку оваа банка прва ја послуша Народната банка и одлучи да не ја дели добивката во дивиденда.
НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека врз основа на Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија одржувањето на Годишното собрание на Банката, закажано за 16.04.2020 година, се одложува за време на траењето на вонредната состојба, соопштија оттаму.
Велат дека нов датум за собрание ќе биде соопштен навремено.
Денеска Комерцијална банка соопшти дека ќе си подели дивиденда и покрај препораката на Народната банка. Инаку и оваа банка го откажа закажаното собрание на акционери.
