И Неум ќе „увезува“ работници - од кои земји?
Неум увезува работна сила од Непал и Филипините за новата туристичка сезона.
Неум влегува во новата туристичка сезона со подготвени хотели, уредени шеталиштa, плажи и богата програма на настани, но како и другите туристички дестинации, се соочува со недостаток на квалификувана рана сила.
Повеќето од гостите доаѓаат од земјите на Европската Унија, претежно од Франција, Полска, Словенија, скандинавските земји, Унгарија, Германија и Австрија.
„Се обидовме да се спротивставиме на овој проблем колку што е можно повеќе, но едноставно нема квалитетен персонал во целата земја. Затоа, ќе бидеме принудени да увезуваме работна сила и оваа сезона. Ако главните туристички дестинации во регионот, како што е Хрватска, не успеаја да се справат со овој проблем, тешко е да се очекува нешто различно од нас“, рече Давор Крешиќ, директор на хотел, пренесува 6yka.
И во Хрватска работат многу Филипинци, Непалци, Срби, Босанци, Македонци и други.
foto Wikipedia/BiHVolim
