Економија, финансии, бизнис

Контакт

И на Шилегов му е скапо отстранувањето на галиите

И на Шилегов му е скапо отстранувањето на галиите

Иако пред извесно време градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека ќе се отстрануваат галиите од коритото на Вардар крај строгиот центар на главниот град, сега и самиот признава дека тоа би бил скап потфат по реакциите во јавноста.

- И сега го зборувам истото. И сега сакам да ги тргнам, но сакам тоа да го направам што побезболно за градскиот буџет. Ваков зафат чини 6 милиони евра, од каса што годишно има 50 милиони евра. Се обидуваме да најдеме правни модалитети за тој зафат да чини што помалку пари. Да имаш градежен објект во минор коритото на Вардар е целосно неодговорно - изјави Шилегов во интервју за „Независен“.


Слично

Поврзани вести