И НА БИЗНИСМЕНИТЕ ИМ СЕ ЧУ ГЛАСОТ: Се одлага задолжницата!
Владата го одложи рокот, а се менуваат и дел од правилата на игра во однос на владината намера сите компании што склучуваат зделки повисоки од 5.000 евра да издаваат задолжници.
Наместо од први јануари следната година, обврската да се издава задолжница меѓу компаниите ќе стартува од април следната година. Но, ќе има и промена на правилата за издавање на задолжницата.
„Министерството за финансии смета дека треба да има задолжителна задолжница. Мислењето на мнозинството компании е дека не треба да се воведува задолжителна задолжница, меѓутоа доколку сепак се воведе, тогаш таа мора да биде прилагодена да не наштети на секојдневното работење на компаниите, изјави Сеад Кочан, заменик претседател на Стопански комори на Македонија.
Кочан, додаде дека стопанството ќе инсистира наместо како што е планирано задолжницата да се издава за договори над 5.000 евра, тој праг да се зголеми.
Во законските измени е наведено дека се предлага издавање на кумулативна задолжница, наместо задолжница за секој договор поединечно.
„За да се олесни издавањето на задолжителната задолжница, особено за фирмите кои имаат чести должничко-доверителски односи, како и за да се избегнат дополнителни трошоци за задолжително издавање задолжница, се предлага издавање кумулативна задолжница“, се вели во предлогот законот.
Кумулативна задолжница може да се издава меѓу една фирма должник и фирма доверител кои во текот на определен временски период често влегуваат во должничко-доверилески односи. Со цел да се избегне честото одење на нотар за издавање на задолжница за секоја поединечна трансакција со ена фирма и да се избегне зголемувае на трошоците , а со тоа и на техничко административните ресурси на фирмите, со кумулативна задолжница ќе се овозможи со едно одење на нотар да се покријат сите трансакции кои настануваат меѓу фирмата доверител и фирмата должник, во период најмногу од една година.
„Се овозможува и дополнително олеснување на фимите , односно во случај на авансно плаќање на паричните обврски и во случај кога паричната обврска се плати во рок од пет работни дена од настанување на обврската за плаќање за плаќање, не е потребно издавање на задолжницата“, е наведено во законот.
При тоа обрзница не се издава за финансиски договори, како на приме за договори за креди, лизинг, осигурување, и слично. Во законот се наведува дека целта е да се олеснат и поедностават деловните трансакции.
„Долги децении во Македонија имаше политиката на заштита на должниците, односно тие можеа да прават што сакаат, да не ги плаќаат обврските. На доверителот не му остануваше ништо друго освен да се обидува да ги добие средствата по судски или друг пат што кога си помала фирма и не е така лесно да го направиш. Затоа ја воведовме задолжницата со цел да има сигурност во наплатата на побарувањата, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески во рамки на дебатната емисија на Македонската телевизија.
Сепак Ставрески додаде дека е оправдано барањето на бизнис заедницата и затоа е направена измената. Па така, доколку компанијата работи постојано со одредена фирма може на еден рамковен износ да ја даде задолжницата еднаш и да не мора за секои пет илјади евра да оди кај нотар, да ја заверува и слично. За тоа да се направи потребно е адаптирање на софтверот и малку повеќе време и затоа се даде пролонгирање на рокот за три месеци, изјави Ставрески.
Со првичното решение, кое најверојатно се уште останува да важи и бизнисмените и правниците сметаат дека одредбата која предвидува казна затвор за оние кои ќе издадат задолжница која на денот на доспевање нема е престрога и нелогична.
Односно, се бара точно и прецизно да се планира ликвидноста на денот на плаќањето, а при тоа не се остава простор дека во меѓувреме може да се појават некои непредвидени плаќања.Односно, може да се случи, некоја фирма да добие судска пресуда за спор што се водел долги години, и кој ќе треба да се плати токму во тоеј период.
За дел од бизнисмените спорен е и моментот што се бара задолжница, но, што во случај кога има друго средство за обезбедување, односно има банкарска гаранција или меница, инструменти со кои веќе го обезбедил побарувањето, а сега треба да издаде и задолжница.
Понатаму во законот е предвидено фирмите при заверка на задолжницата да бидат кај нотарот, односно таму да дојдат и доверителот и должникот, што ќе предизвика проблем кога се склучуваат договори меѓу фирми кои сеод различни градови. А од друга страна има дополнителен трошок за нотарската заверка на задолжницата.
Инаку, Министерсвото за финансии според информациите од нотарите изготвило привилигирана тарифа за заверка на задолжницата кај нотарите, и за договорите над 100 илјади денари, изнесува 3.000 денари.
С.Н.
Слично
