Економија, финансии, бизнис

Контакт

И МПЦ ќе донира за поплавените региони

И МПЦ ќе донира за поплавените региони
Македонската православна црква ќе донира три милиони денари за помош на населението во поплавените региони во Србија и Босна и Херцеговина. Според соопштението од МПЦ, црквата на овој начин се вклучува во акцијата која се одвива во Република Македонија со цел да се собере неопходната помош. „Се молиме на Семилостивиот Бог и Спасител и за душите на загинатите од поплавите, но и за истрајност на живите во овие искушенија, во духот на нашата света вера, онака како што нашите народи секогаш низ историјата ги надминувале“, стои во соопштението од МПЦ, во кое се нагласува дека Синодот со особено внимание и загриженост ги следи настаните поврзани со катастрофалните поплави.
Слично

Поврзани вести