И медиумите од регионот со вперени очи кон Теарце
Медиумите од соседството пишуваат за гласањето во Теарце, кое е клучно за изборниот резултат во земјава.
Српски Курир пишува дека во Тетово се нудел поткуп на гласачи и дека Европа налага мирно завршување на изборниот процес.
Македонија, 700 гласачи во село кај Тетово одлучуваат за изборниот исход, пишува белградски Блиц.
И Радио телевизија Црна Гора со сличен наслов како Блиц, наведува дека повеќе од 700 избирачи во Теарце на повторено гласање можат да го решат изборниот резултат.
Во бугарските медиуми, прегласувањето во Македонија е занемарено и нема вести за ова случување.
Слично
