И „Макстил“ бара повеќе време за еколошки стандарди
Индустријата за челик „Макстил“ побара дополнителни осум месеци од Министерството за животна средина за да го направи потребното еколошко приспособување на оџаците.
На три дена пред истекот на рокот за обезбедување интегрирана еколошка дозвола, „Макстил“ побара продолжување до крајот на годинава, а дотогаш ќе работи со една третина од капацитетот.
Од компанија велат дека веќе е почната изградбата на систем за отпрашување, во кој се вложени 10 милиони евра. Претходно, продолжување на рокот побара и „Југохром“ од Јегуновце.
Рокот за обезбедување на највисоките еколошки дозволи за сите поголеми индустриски капацитети истекува на 1 април. Министерството за животна средина најпрвин тврдеше дека продолжување нема да има и оти оние што нема да ги воведат потребните еколошки стандарди ќе мора да престанат да работат. Но, потоа ставот го омекна и најави дека е можно рокот да се продолжи за оние компании кои веќе започнале со приспособување на производството, но им треба повеќе време.
Слично
