И македонско семејство заглавено во поплавите во Варна
Четиричлено македонско семејство заглави во поплавите во Варна и беше извлечено денеска, откако за помош се обратиле до македонската Амбасада во Софија, јави ТВ Алфа.
Од Амбасадата им дале насоки како да постапуваат и македонските државјани во моментов се на сигурно и се чувствуваат добро.
Според МНР, ова се единствените Македонци за кои има информации дека го почувствувале ужасот на поплавите кои беснеат овие два дена на бугарското крајбрежје.
Вкупно 1.200 туристи беа евакуирани од хотелите во туристичкото одморалиште Албена. Поплавите ја зафатија Бугарија на стартот на туристичката сезона, кога хотелските и другите капацитети во земјата се речиси исполнети со туристи.
Најтешко погодена е приморската област Аспарухово. Бројот на жртвите во катастрофалните поплави што ја зафатија Бугарија се искачи на 14.
Слично
