Економија, финансии, бизнис

Контакт

И македонските возачи на транспортери со стока ќе мора да се тестираат пред да влезат во земјата

И македонските возачи на транспортери со стока ќе мора да се тестираат пред да влезат во земјата

Макам-Транс објеви дека побарале од Владата новите мерки за влез во земјата од 1 септември да не важат за македонските возачи на камиони кои пренесуваат стока за македонскиот пазар, но од таму немале слух за организацијата на транспортери.

„Ве информираме дека владата не го прифати барањето на асоцијацијата за иземање на професиолните возачи кои управуваат товарни моторни возила од воспоставените нови мерки кои беа потврдени и проширени на 101-вата седница на Владата“, објави Макам-Транс.

Тоа значи дека и оваа фела, која е клучна за снабдување на македонскиот пазар, ќе можат да влезат на територијата на Македонија доколку приложат сертификат/потврда за извршена имунизација, потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред влез во земјата.

„За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат“, додаваат од асоцијацијата.


Слично

Поврзани вести