Економија, финансии, бизнис

Контакт

И македонските добавувачи погодени од недостигот на чипови

И македонските добавувачи погодени од недостигот на чипови

Автомобилската индустрија во Европа и светот, која беше една од најпогодените индустрии во пандемијата, продолжува да се соочува со големи проблеми и предизвици кои го отежнуваат заздравувањето, поради што милиони автомобили годинава нема да бидат произведени, пишува izvoz.mk.

Дел од компаниите веќе укинуваат смени и ги праќаат работниците на годишен одмор, а дел периодот на намалена работа го користат за обука и доедукација на своите вработени. 

„Компаниите од автомобилскиот сектор во Македонија, кои работат како директни или секундарни добавувачи на производителите на автомобили во Европа, будно ги следат овие трендови. Зависно од клиентите и моделите за кои произведуваме, како и соодветниот вид на производ ( пред се електроника или производство на премиум, plug - in - hybrid или електрични возила) влијанието на овие процеси драстично се чувствува. Ако знаеме дека веќе неповратно се загубени над шест милиони возила кои нема да се произведат во 2021 година, со тенденција оваа бројка да се зголеми, резултатите од првите шест месеци од годината се помеѓу 5 и 20 отсто помали од плановите и буџетот за годинава“, вели Викрот Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со техничко напредно производство и генерален менаџер на „Костал Македонија“. 

За јули и третиот квартал овој процент е од 15 до 40 отсто. 

Слично

Поврзани вести