И македонски државјанин има меѓу уапсените екстремисти на Косово
Меѓу уапсените 40 лица на Косово, осомничени за учество во терористичките организации Исламска држава и Ал Нусра во Ирак и Сирија, има и еден македонски државјанин, како и еден граѓанин на Босна и Херцеговина, објавија косовските медиуми.
Според информациите, македонскиот државјанин е 32-годишниот Бесим Шабани кој подолго време живеел во Урошевац. Заедно со него бил уапсен и Фикрет Крцо (23) од Босна и Херцеговина.
Акцијата на косовската полиција продолжува, а властите трагаат по уште 17 екстремисти, повратници од војните во Ирак и Сирија, за кои се верува дека подготвувале напади и на косовска територија.
Слично
