Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Македонија на агендата на Туск: Колку Европа се труди да ја реши бегалската криза?

И Македонија на агендата на Туск: Колку Европа се труди да ја реши бегалската криза?

Утре во посета на Македонија ќе дојде првиот човек на Европскиот совет Доналд Туск.

Тој е на мини европска турнеја како дел од агендата  „градење на европски консензус за справување со миграциската криза и подготовка на Самитот со Турција закажан за 7 март во Брисел и Самитот на Европскиот совет на 17-18 март“.

Според најавите Туск ќе се сретне со  претседателот Ѓорге Иванов, а покрај  покрај Скопје, Доналд ќе ги посети и Виена, Љубљана, Загреб и Атина.

Европскиот совет неодамна одлучи  сите членки на Шенген зоната „целосно ќе го применуваат Шенгенскиот граничен кодекс и ќе одбијат влез на надворешните граници на државјани на трети земји што не ги исполнуваат условите за влез или кои не доставиле барање за азил и покрај тоа што имаа можност да го сторат тоа“.

– За реставрацијата на целосното функционирање на Шенген зоната ќе биде потребно време и тоа мора да биде придружено од мерки за решавање на хуманитарните последици за земјите-членки што се погодени, како со хуманитарна помош за сириските бегалци и за земјите од соседна Сирија, се наведува во соопштението на Европскиот совет по повод посетата на Туск на земјите од Западен Балкан.
Слично

Поврзани вести