Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Лозово ги мотивира ергените за свадба – општината дава пари, ракија и вино!

И Лозово ги мотивира ергените за свадба – општината дава пари, ракија и вино!
Дваесет илјади денари ќе добијат сите ергени и немажени девојки од општина Лозово доколку одлучат да стапат во брак. Советниците едногласно донеле одлука, која се однесува на ергените над 40 години и на девојките над 35 години се со цел да се мотивираат и да стапат во брак. Одлуката ја поддржал и бизнисменот Благој Механџиски кој се заложил да им понуди можност за вработување соодветно според нивното образование и бесплатни медицински прегледи до породување. Освен ова, бизнисменот на идните младоженци им ветува 50.000 денари како помош за опремување на домашна бања и 50 литри ракија и 100 литри вино на брачната веселба. „Мислам дека на овој начин ќе ги мотивираме сите оние кои немаат склучено брак да стапат во брачна заедница и со тоа да го зголемиме наталитетот во општината кој е во опаѓање“, потенцира градоначалникот на општината Орце Цветковски. Во општина Лозово живеат 2.858 жители во 11 населени места, а има 98 ергени над 40 години и 8 девојки над 35 години. Оваа општина е втора македонска општина после Свети Николе која изгласа ваква одлука со цел да се зголеми одлучноста кај ергените и девојките да стапат во брак.
Слично

Поврзани вести