Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ЛДП донесе одлука за неприфаќање на мандатите

И ЛДП донесе одлука за неприфаќање на мандатите
Либерално-демократската партија и официјално донесе одлука нејзините пратеници да не ги прифаќаат мандатите освоени на листите заедно со СДСМ на предвремените парламентарни избори. Одлуката вечерва ја потврди Централниот одбор на партијата со мнозинство гласови - три члена биле „воздржани“, а еден „против“ ваквата одлука. ЛДП на изборите освои три пратенички места, од заедничките листи со СДСМ. Претходно, СДСМ и НСДП објавија дека нема да ги прифатат мандатите, а сите кандидати на СДСМ денеска и на нотар се обврзуваа дека нема да ја прифатат пратеничката функција, во знак на протест и непризнавање на изборниот процес.
Слично

Поврзани вести