„И ЌЕ РЕЧАТ, ШТО НАПРАВИЛ СИНДИКАТОТ ЗА НАС!“ Трендафилов тврди дека 600 илјади работници добиле право на К-15
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, истакна дека Синдикатот направил многу за работниците, потенцирајќи го фактот дека 600 илјади работници добиле право на регрес.
„И ќе речат, што направил синдикатот за нас !
А сите работници - 600.000 работници добиле право на регрес за годишен одмор (К-15), а за ова право се избориле само 10% од нив, а го уживаат 100% од нив, или само 1 на 10 работници се бори, а 9 ги уживаат правата за кој се изборил овој 1 и го критикуваат дека е малку !
Замисли колку ќе беше износот на К-15 ако 9 од 10 работници беа членови на ССМ и 9 од 10 работници се бореа заедно со ССМ затоа што силата на работниците е во нивната бројност организирани во синдикат, наспроти моќта на капиталот и политичката моќ.
Или, членовите го финансираат колективното договорање и ја финансираат синдикалната акција (протестите и штрајковите), а придобивките ги уживаат сите!?
Во јавниот сектор за прв пат, право на К-15 добија вработените во образование, здравство, полиција, армија и многу други.
Во 80% од случаите во приватниот сектор каде што ССМ има свои членови, регресот за годишен одмор со колективен договор на ниво на работодавач е утврден во висина од 100% од просечната плата и истиот веќе е исплатен, што треба да претставува причина повеќе работниците во приватниот сектор да се приклучат во ССМ !
Таму каде што ССМ има членови, има и К-15, има и почитување на Колективните договори, а таму каде што нема синдикат, газдите си мислат дека можат да газат преку работниците и затоа ССМ ги охрабрува сите работници во приватниот и јавниот сектор да се приклучат кон синдикатот и да си ги заштитат своите права, бидејќи никое од работничките права не им е подарено, за секое од нив се имаме изборено„“, напиша тој.
Слично
